spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Ублажувањето на последиците од пандемијата и закрепнувањето на среден рок во...

МФ: Ублажувањето на последиците од пандемијата и закрепнувањето на среден рок во фокус на заклучоците

Вчера, претставниците на земјите-членки на ЕУ, Западен Балкан и Турција, Европската комисија и на Европската централна банка го одржаа годишниот дијалог за економските политики. Учесниците усвоија Заеднички заклучоци врз основа на Програмите за економски реформи за 2021–2023 година. Овие заклучоци се состојат од заеднички усвоени препораки со цел да им помогнат на земјите опфатени со проширувањето на ЕУ да го зајакнат економскиот и социјалниот развој. Дијалогот има за цел да ги подготви Западен Балкан и Турција за идното учество во координирањето на економските политики на ЕУ (т.н. Европски семестар).

 

Партнерите се согласија дека е потребна натамошна поддршка за домаќинствата и компаниите кои се најмногу погодени од пандемијата додека цврсто да се воспостави самоодржливо закрепнување. Тоа треба да се одвива паралелно со забрзано спроведување на структурните реформи со цел да се изгради отпорна економија и да се поттикнат конкурентноста и инклузивниот раст.

 

Северна Македонија е предводник во спроведувањето на заедничките заклучоци во последните четири години. Оценката на Европската Комисија на Програмите за економски реформи 2021 – 2023 покажа дека земјата покажа највисок резултат од 61,1% реализирани заеднички заклучоци усвоени во мај 2020 година, споредено со земјите од Западен Балкан и Турција (https://data.consilium.europa.eu/doc/document/ST-8099-2021-INIT/en/pdf). Тоа е највисок резултат постигнат од почетокот на процесот на подготовка на програмите за економски реформи.

 

Министерот за финансии на Северна Македонија, Фатмир Бесими, се обрати на денешниот состанок, истакнувајќи дека Владата работи активно на реализација на мерки за поддршка на одржливо и инклузивно закрепнување на македонската економија.

 

На денешниот состанок беа усвоени шест заклучоци со препораки за Северна Македонија, кои се фокусираат на континуиран одговор со фискални, економски и социјални политики заради ублажување на последиците од пандемијата и заради поттикнување на закрепнување на среден рок (линк до Заедничките заклучоци: https://data.consilium.europa.eu/doc/document/ST-10434-2021-INIT/en/pdf), особено:

 

1) во сферата на макрофискалните политики, препораките се да има тергетирани привремени мерки за поддршка на ранливи домаќинства и бизниси, проследени со постепена фискална консолидација;

 

2) во сферата на структурните реформи, насоките се фокусираат на натамошно зајакнување на бизнис климата, зајакнување на средното стручно образование и обуката, и на поголем пристап на невработените лица до активните политики на пазарот на трудот.

 

Во таа насока, Владата на Северна Македонија годинава ја продолжува фискалната поддршка за надминување на последиците од пандемијата. Усвоениот план за среднорочно буџетирање предвидува постепено намалување на дефицитот на 2,2% од БДП во 2026 година. За да се подобри реализацијата на капитални расходи, се работи на зајакнување на управувањето со јавните инвестиции. Освен тоа, во тек се напори за проширување на даночната основа и за подобрување на наплатата на приходите во согласност со Стратегијата за реформа на даночниот систем, вклучително и со изготвување на годишни акциски планови за рационализирање на даночните ослободувања. Започнаа активности за спроведување на препораките кои се однесуваат на носење нов закон за јавно-приватно партнерство, формирање Фискален совет и за транспарентност и евалуација на субвенциите на ниво на фирма со воспоставување регистар за државна помош.

 

За да се одржи силен финансиски сектор, континуирано внимание ќе се посвети на засилено управување со кредитниот ризик и соодветно обезбедување. Во согласност со препораките, се предвидува навремена формална консултација со деловните субјекти и социјалните партнери за новото законодавство што влијае на нивното работење. Дигитализацијата на јавните услуги за граѓаните и фирмите ќе продолжи со техничка помош од ЕУ. За да се обезбедат еднакви услови за работа на бизнисите, приоритет ќе му се даде на спроведувањето на стратегијата за формализирање на неформалната економија.

 

Во однос на образованието, треба да се развие нов начин на финансирање на средното стручно образование и обуката. Конечно, треба да зајакнат капацитетите и соработката помеѓу агенциите за вработување и центрите за социјална работа за да се обезбедат интегрирани услуги и да се подобри инклузијата на пазарот на трудот.

 

На крај, учесниците во дијалогот ја истакнаа силната солидарност меѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција, која се демонстрира со обезбедување медицинска и финансиска помош за борба против пандемијата на ковид-19 и со придонес во справувањето со социо-економските последици во регионот. Сите партнери се согласија дека со цел да се изгради економска отпорност на долг рок, мерките за закрепнување треба да ги поттикнат и дигиталната трансформација и зелената транзиција.

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

МП: Министерот Филков оствари средба со амбасадорот на Република Чешка, Јарослав...

0
Амбасадорот Лудва ја потенцираше поддршката на Чешка за интеграција на нашата држава во ЕУ.На средбата се дискутираше за повеќе теми од заеднички интерес, со...