spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПравни актиЗакониЗакон за изменување и дополнување на Законот за работни односи

Закон за изменување и дополнување на Законот за работни односи

Број на Службен весник:151/2021

Датум на објава на Службен весник:06.07.2021

Број на одлука на Уставен суд (У.бр.):/

ЗАКОН ЗА  ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ  НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

 

Член 1

Во Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ број 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 110/19 и 267/20), членот 104 се менува и гласи:

„Договорот за вработување  работодавачот го прекинува кога работникот ќе наполни 64 години возраст и 15 години пензиски стаж, доколку со друг закон поинаку не е уредено.“.

 

Член 2

За поднесените изјави за продолжување на договорот за вработување до 31 август 2021 година се применуваат одредбите од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија” број 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 110/19 и 267/20).

Договорот за вработување од ставот 1 на овој член важи до истекот на времето за кое е продолжен, а најдоцна до 30 јуни 2022 година.

Член 3

Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Северна Македонија да утврди пречистен текст на Законот за работните односи.   

Член 4

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна  Македонија“.

Извор: Javnaadministracija.mk

Прочитајте

Демир Хисар: Буџетски Форум за 2025 година

0
Општина Демир Хисар организира буџетски форум за урбаната и месните заедници во општината, со цел нивните предлози да бидат земени во предвид при изготвувањето...