spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Нов маалски парк во општината

Карпош: Нов маалски парк во општината

Во завршна фаза е изведбата на маалскиот парк во урбаната заедница „Владо Тасевски“. Спроти хотелот „Карпош“, долж „Партизански одреди“ активно се работи на засадување на нови тревни површини на 2.000 м2 и поставување на системи за наводнување.

Исто така, во овој дел претстои обнова на клупите за седење и постоечкиот летниковец. Локалната самоуправа овие години вложи повеќе средства за уредување на јавниот простор меѓу зградите. Во оваа близина, неодамна беше обновено и детското игралиште, при што беа поставени нови реквизити за безбедна игра на најмладите.

Утринава, во теренски увид на маалскиот парк беше градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев. Тој најави изведба на уште еден маалски парк во Карпош 4:

  • Целосно ќе се промени ликот меѓу зградите на улицата „Соле Стојчев“. Предвидуваме нови тревни површини, систем за наводнување, реквизити за деца и обнова на урбаната опрема. Во изминативе години значително вложуваме во заштита на јавниот простор и негово ставање во функција за потребите на граѓаните низсите населби. Ни претстои лето, исполнето со многу дружба, маалски соживот како и спортски и културни настани кои ќе ги организира локалната самоуправа, изјави Богоев.

Локалната самоуправа во изминативе две години направи повеќе маалски паркови во различни населби. Уредени зелени зони добија населбите Карпош 1 (на ул. „Иван Аговски“), Карпош 2 (спроти Драмски театар), Карпош 3 (во рамки на ООУ „Лазо Трповски“), Карпош 4 (аголот меѓу „Љубљанска“ и „Партизански одреди“) и Тафталиџе 2  (на ул. „Женевска“, кај автобуската постојка на последна 24 – ка).

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...