spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДелчево: Започнуваат активности за регулација на речното корито на Брегалница

Делчево: Започнуваат активности за регулација на речното корито на Брегалница

Тетовската фирма „Панел-М Мехаз“, како најповолен понудувач, ќе го реализира проектот за изградба на попречни прагови од габиони во коритото на река Брегалница  со што започнува реализацијата на првата фаза од проектот за регулација на речното корито. Економскиот оператор, градежните работи во коритото на реката, треба да ги заврши заклучно со 30.11.2021 г.

 Вредноста на работите е 910.000 денари без ДДВ, односно 1.073.800 ден со вклучен ДДВ, а  средствата за реализација на овој Договор се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија преку Програма за управување со водите за 2021 година , во износ од 800.000,00 денари, додека останатиот дел од паричните средства се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево за 2021 година.

Согласно со одобрените средства  и обезбедените средства од Општина Делчево, ќе се изведе дел од основниот проект за регулација на речното корито на река Брегалница, низводно од регулираното корито, односно ќе бидат изведени три попречни прагови од габиони. Со оваа интервенција, ќе бидат стабилизирани дното на минор и мајер коритото што ќе придонесе реката да не врши дополнително поткопување при евентуални поплавни води.  Со стабилизација на коритото на тој дел од регулацијата дополнително ќе биде заштитен и новиот пешачки мост.  Работите ќе се изведуваат во речното корито во должина од околу 300 м.

Извор: Општина Делчево

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...