Општина Охрид ги известува жителите на улица „Јане Сандански“ и останатите охриѓани дека утре (27.07 2021г.) во период од 9 до 14 часот, истата ќе биде затворена за сообраќај поради реализација на предвидените градежни активности.
Се упатува апел до жителите да не ги паркираат своите возила на улицата односно таа да биде слободна на двете коловозни ленти.
Извор: Општина Охрид