На 20.07.2021 год. во Извршната канцеларија на АДКОМ се одржа работна средба на која присуствуваа Претседателот на У.О на АДКОМ г-дин Зоран Горгиев, претседателот на ССМ и СУТКОЗ г-дин Дарко Димовски и Извршниот директор на АДКОМ г-ѓа Лолита Стојановска.
На оваа работна средба начелно беше дискутирано за состојбата во јавните комунални претпријатија со посебен осврт на проблемот со кој се соочуваат вработение во ЈКП во делот на Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници.
Во името на ЈКП г-дин Горгиев го истакна ставот т.е несогласувањето на ЈКП со вметнувањето на вработените во Законот за административни службеници а со истото се сложи и Претседателот на СУТКОЗ – Димовски и за потребата од враќање на сите работници од Јавните комунални претпријатија под законот за работните односи по што ќе се стави крај на периодот кога работниците од ЈКП се делеа на три категории и за нив се применуваа три закони.
Во текот на денот во ССМ, работните групи на СУТКОЗ и АДКОМ заедно ќе го состават и потпишат барањето за изземање на комуналните работници од Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници.
Со ова ќе се реши долгогодишниот проблем со кој се соочуваат и работниците и работодавачите во комуналните дејнисти, со ставање под законите кои се применливи за нив, а тоа се Законот за работните односи, Законот за комунални дејности и Колективниот договор, не делејќи ги овие работници на како до сега во тру групи за кои важеа три различни закони, што се покажа како неприменливо во овие комунални јавни претпријатија и со тоа се генерираат проблеми во функционирањето на Јавните комунални претпријатија и се прават поделби на работниците.