Вчера на 26 јули, во екот на годишните одмори, излегоа огласи за вработување на наставен кадар во училиштата во Општина Гевгелија, оглас кој трае цели два дена.
Имено, во средното училиште “Јосиф Јосифовски” се вработуваат 6 наставници, во основното училиште “Климент Охридски” од Миравци дури 18 наставници, во “Крсте Мисирков” 14 наставници, “Владо Кантарџиев” 7 наставници и “Ристо Шуклев” од Негорци 14 наставници.
Овие договорени вработувања низ училиштата во Општина Гевгелија се случуваат пред локалните избори во октомври, кога СДСМ ќе си замине од власт во Општината.
До кога наставниот кадар ќе биде предмет на партиско – политички договарања и пазарења?
До кога вистинските професионалци помеѓу наставниците како и учениците, ќе трпат од игрите и борбата за гласови на политичките партии на власт?
Извор: ЛЕВИЦА