spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Зелена дипломатија-новото нормално

МНР: Зелена дипломатија-новото нормално

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ги промовираше електричните тротинети, набавени за користење од страна на вработените во министерството, како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето.

„Со овој симболчен гест, министерството за надворешни работи започнува со промоција на проектот „Зелена дипломатија – новото нормално“, кој ќе се одвива во неколку етапи. Нашата визија е да станеме прва земја од регионот што ќе обезбеди одржлива работна средина не само во зградата на министерството, туку и на дипломатската мрежа. Притоа, задржувајќи висок кредибилитет меѓу вработените и партнерите, следејќи го чекорот на светот кој се движи кон поодржлива иднина“, истакна Османи.

 

Практичноста од употребата на ваков тип на превозни средства се добива со едноставен преглед на локациите на државните институции, при што веднаш се забележува дека во дијаметар од 1-2 километри се наоѓаат 90% од нив, кои секојдневно се упатени на соработка, состаноци и координации. Тргнувајќи од овие факти, за вакви секојдневни кратки дестинации,  треба да се обидеме, колку можеме повеќе и колку ни дозволуваат околностите, да се користи велосипед, електричен тротинет. Преку вакви примери, си помагаме себе си, ќе им ослободиме простор на другите, ќе ѝ помогнеме на околината и на природата, за да имаме почиста животна средина.

Климатските промени се најголемиот предизвик за носителите на одлуки денес и затоа како одговорна држава во практикувањето на меѓународните односи треба да преземеме итни дејствија за борба против климатските промени и нивните влијанија. 

Со лансирањето на иницијативата за одржливости и проектот за зелена дипломатија, министерството за надворешни работи ќе се обиде да обезбеди усогласување помеѓу внатрешни процедури и надворешните пораки и активности, а со тоа да стане пример за одговорно општествено однесување.

Извор: Министерство за надворешни работи

Прочитајте