Градоначалникот Борјанчо Мицевски денес го потпиша договорот за реконструкција на локален пат во с. Конопница м.в. Чивлк. Инвестицијата е во вредност од 3.763.800 денери, обезбедени од ТАВ програмата за инфраструктурни проекти.
На настанот на кој присуствуваа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќ и генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак беа доделени 35 договори од последната фаза од ТАВ програмата, за реконструкција и изградба на локални патишта, водоводи, канализации и други видови градежни работи за општествено значајни проекти кои ќе создадат поголема вредност за луѓето и за целото општество.
Извор: Општина Крива Паланка