Нашиот маратонец Александар Илиевски за 15 часа, 21 минута, 38 секунди го преплива Охридското Езеро на реалција Охрид – Св. Наум – Поградец – Струга – Охрид во должина од 71км.
Овој храбар подвиг, Александар го направи во чест на големиот македонски празник Илинден!
Агенцијата за млади и спорт му даде целосна поддршка на Александар и на неговиот тренер Томи Стефановски, кои решително одговорија на овој голем предизвик!
Извор: Агенција за млади и спорт