spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаМинистерката се обидува да манипулира со изборот на директор во ДСУЛУД „Лазар...

Министерката се обидува да манипулира со изборот на директор во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“?

Откако ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ ја заврши изминатата учебна година со скандалот кога в.д директорот силеџиски се обидуваше да го организира приемниот испит за време на државен празник, т.е во неработен ден, голема е веројатноста дека ниту нема да почне со настава на 1 септември оваа година.

Имено, вработените укажуваат дека веќе немаат трпение за ниту еден хир на министерката Царовска којашто се обидува да го раководи секторот во кој нема ниту една секунда работно искуство во ефтин итарпејовски манир, сосема недолично за нејзината позиција како и за фактот што е на чело на сектор во кој 80% од вработените имаат оформено најмалку високо образование.

Иако УО има извршено избор на нов директор, за што уредно го има известено МОН уште пред 10 дена (23.07.2021), министерката Царовска сè уште ја нема потпишано согласноста. Последен рок да го направи тоа е утре, 06.08.2021 година (петок), датум на кој и претседателот на парламентот, Талат Џафери, ќе ги распише локалните избори, по што нема да бидат можни нови именувања на функции до завршувањето на изборите.

Наставниците стравуваат дека веројатно министерката се обидува да ја заобиколи законската процедура и волјата на членовите на Училишниот одбор и повторно да се назначи некој друг на таа позиција, по мерка на партијата, а не на училиштето и Училишниот одбор, иако во услови кога има кандидат, не може да се назначува в.д. директор.
На ваквата дрскост наставниците веќе не знаат како да одговорат, со оглед на тоа што веќе неколкупати протестираа поради начинот на кој избраникот на министерката Филип Фидановски ја извршуваше должноста, освен со бојкот на настава.

Недозволиво е самоволијата на владеачката партија да се ставаат над изборот на наставниците и интересите на учениците, но, не и невообичаено за оваа владејачка гарнитура.

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Аеродром: ООУ „Блаже Конески“ започна кампања „Избери другарство, отфрли насилство“

0
ООУ „Блаже Конески“ започна кампања за превенција против меѓуврсничко насилство под мотото „Избери другарство, отфрли насилство“. Денеска, 19 ноември, на Светскиот ден за превенција од...