spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаПоради негрижа од локалните власти училиштето Ристо Крле во Н.М. Кадино –...

Поради негрижа од локалните власти училиштето Ристо Крле во Н.М. Кадино – Општина Илинден оставено на забот на времето

Додека локалните власти во општина Илинден си го гледаат својот личен интерес, училиштето „Ристо Крле“ во Кадино останува запуштено со години, без било каква санација и реконструкција. Такво какво што е сега претставува реална опасност и закана по животот, здравјето и безбедноста на учениците.

Покривот на училиштето сè уште е изграден од азбестни табли, материјал кој не смее да се користи како градежен, бидејќи е докажано дека е канцероген и директно влијае врз здравјето на луѓето, а може да предизвика азбестоза, рак на белите дробови и на грлото. Руинирано школско игралиште, искршена ограда, недостаток на вратички на оградата се само уште мал дел од оштетените делови на училиштето кои, доколку не се санираат, ја доведуваат во опасност безбедноста на учениците.

За уште поилустративно да се согледа неработењето на локалните власти треба да се земе предвид и фактот дека училиштето сè уште не е легализирано и нема имотен лист. Поради ова секојдневно се соочува со пречки при извршување основни административни процедури со што е оневозможено обезбедување елементарни услови кои треба да се задоволат со цел исполнување на потребите на учениците.

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...