Пожарната во Тетово, меѓу најслабите по рејтинг во Македонија. Нејзиниот возен парк, воопшто и не е “подмладен”. Возилата се потрошени. Со постоечката застарена опрема, претежно донирана, тетовските пожарникари се оставени на голем ризик.
Неспособноста на локалните власти е на завидно ниво. За нив, веројатноста за пожари од големи размери е сведена на минимум. Ова се должи на недостатокот на кислород како последица од големата смрдеа која подолго време го надвладува градот. А водата вооошто не е проблем.
ВОДА НЕМА!
Во Тетово можеби фалат пожарникари, противпожарни возила, опрема по највисоки светски стандарди, вода, воздух, но затоа има вишок на административци кои дремат.
Извор: ЛЕВИЦА