spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииПолитичкиот пироман Христијан Мицкоски седи на страна и се обидува да профитира...

Политичкиот пироман Христијан Мицкоски седи на страна и се обидува да профитира од пожарите

Почитувани,

Oчајната и загубена ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ги поместува границите на своето деструктивно однесување. На полошо.

Не постои друг пример на политичка партија која толку ги мрази сопствените граѓани само затоа што не ја добива нивната доверба.

Без грам совест и елемнтарно чувство за одговорност политичкиот пироман Христијан Мицкоски оди чекор кон полошо и овој пат се обидува да профитира од пожарите.

Мицкоски никако не извлекува поука од минатото и ги повторува грешките, на своја штета.

На ист начин како што се обидуваше да ги манипулира граѓаните со конструкции, лажни обвинувања и измислици дека јавното здравство нема тестови, лекови и знаење да се справува со корона кризата.

Сега повотрно Мицкоски со лажни и неосновани обвинувања, со конструкции се обидува да сее страв, омаловажувајќи ги напорите на институциите да се справуваат со пожарите.

Покрај сите предизвици системот функционира. Сите надлежни институции, на централно и локално ниво се активни за справување со пожарите, и заедно ќе успееме.

Наместо да помагаат, саботираат и дрско ги злоупотребуваат личните, семејни трауми и загуби на граѓаните.

Вака не постапува ниту една политичка партија, волку ниско не паднала ниту една опозиција.

Заради вакво некрофилско однесување Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ изгубија парламентарни избори, граѓаните ќе ги казнат и на локалните избори.

Притоа, граѓаните не заборавија дека нивниот режим за 11 години потроши повеќе од 30 милијарди евра народни пари и затоа немаат право да обвинуваат никој друг за екипираноста на државниот систем за справување со кризи освен себе си.

Извор: СДСМ

Прочитајте

Митева: Целта на Влада е да го трансформира македонското општество во...

0
Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Денешната прес-конференција е посветена на развојната компонента на предлог буџетот во делот на дигитализацијата. Нашата цел како Влада е да го...