Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во одговор на Иницијативата на синдикатот СУТКОЗ при ССМ и АДКОМ за изземање на комуналните работници од Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници даде позитивен одговор кој ќе биде изразен преку соодветни измени содржани во предлог на Законот за вработените во јавниот сектор и предлог Законот за административни службеници чие усвојување се предвидува во последниот квартал во годината.
Преку усвојување на предлог законите, работодавачите и вработените во јавните претпријатија од комуналните дејности би биле надвор од опфатот на Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници.
Соработката со Владата и социјалниот дијалог кој го водат синдикатот СУТКОЗ при ССМ и АДКОМ ќе значи решение на долгогодишниот проблем со кој се соочуваат и работниците и работодавачите во комуналните дејнисти и со ставање под законите кои се применливи за нив, а тоа се Законот за работните односи, Законот за комунални дејности и Колективниот договор, ќе престане поделбата на овие работници како до сега во три групи за кои важеа три различни закони, што се покажа како неприменливо во овие комунални јавни претпријатија и со тоа се генерираат проблеми во функционирањето на Јавните комунални претпријатија и се прават поделби на работниците.