spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиСоопштение од Независниот синдикат на Пожарникарите

Соопштение од Независниот синдикат на Пожарникарите

Почитувани сограѓани,

Во вакви моменти во кои непогодите се насекаде низ државата, а некои граѓани претрпеа сериозни материјални штети над своите домови и други имоти, тешко е да се одберат зборови со кои ќе се утежи болката на оние кои страдаат, но од друга страна и ќе се влијае на оние кои се на одлучувачки позиции дека е потребно да се преземат превентивни мерки за до вакви трагедии да не доаѓа, или пак доколку нивното постоење е неминовност, да се намалат штетните последици при нивното случување.

Како Независен синдикат на пожарникарите на Македонија при ССМ, логично и сосема исправно е што сме особено загрижени за положбата на нашите колеги низ државата. Навистина е неправедно во овие моменти кога се покренуваат прашањата за одговорност на државните органи, да не се покренува прашањето за статусот на професионалните пожарникари и пожарникарската професија како целина. Оние лица кои катадневно се борат со огнените јазици како дел од својата професионална должност, се чини дека се заборавени од оние кои ги штитат. Додека во овие моменти се очекува, а од страна на нашите колеги професионални пожарникари се добива максимално залагање во гаснењето на пожарите и справување со оваа тешка ситуација во која се наоѓа Републиката, дотолку не се покажува од лидерствата на оние кои треба да се грижат за добробитта на секој пожарникар, грижа за неговата/нејзината спремност за делување, за квалитетна работна облека и услови за работа, како и соодветна исплата на со чесен труд заработените парични средства како што им следуваат по закон.

До Синдикатот стигнуваат повеќе дојави за погазување на правата од работен однос на нашите колеги кои се борат со огнената стихија, на некои места како што е Ранковце, градоначалникот иако предупреден одинспекторите од Дирекцијата за заштита и спасување сеуште официјално ја држи активна забраната за работа во трета смена на професионалните пожарникари. Замислете за да бидат заштедени парични средства, Општината Ранковце немала дежурни пожарникари во третата смена, па така нашите колеги од таа општина на свое лично залагање, некои и по 40 часови непрекинато се борат со страшните пожари на локалното подрачје, иако исплатата на нивниот труд, на овој начин е доведена во прашање.

Сакаме да искажеме огромна благодарност до пожарникарите и другите лица кои се борат со пожарите на територијата на целата држава, а тука особено сакаме да ги споменеме и колегите од противпожарната единица во Кочани кои повеќе од 72 часа се борат на терен, а повеќето од нив немаат ниту 3 часа одморено севкупно во овие три дена!

Слични делувања очигледно се случуваат и на други места низ државата и за тоа редовно не информираат нашите членови.

Од овие причини им порачуваме на нашите членови дека Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија при ССМ стоел и ќе стои во заштита на нивните права, а на оние кои ги оштетуваат правата на пожарникарите, а со тоа и го загрозуваат еден од столбовите на безбедноста и хуманоста во државата им најавуваме дека нашата борба за подобрување на положбата и почитувањето на работничките права на пожарникарите ќе продолжи засилено во наредниот период.

Прочитајте