spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕЗаев зголемува плати селективно на администратици во 30 институции

Заев зголемува плати селективно на администратици во 30 институции

Во недостиг на проекти кои ќе донесат добробит за граѓаните, Зоран Заев почна со предизборен поткуп и тоа внимавајте, селективно само во некои институции, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски одговарајќи на новинарско прашање.

Коментирајќи одлука на влада дека во некои институции на административците ќе им се зголемат платите, Арсовски рече дека тоа се прави и во период кога во државата не се реализираат основни работи.

„И додека нема пари за раелни проекти за протипожарна опрема, сервисирање на истата, наоѓа начин селективно да си наградува  лица и институции, предизборно да прави предизборен поткуп.  Ние побаравме  да се набават противпожарни и амбулантни возила, кои ние со амандамни ги побаравме, ама тоа не ги интересира“, рече Арсовски.

Тој потенцираше дека Заев само знае да врши предизборен поткуп.

„ Но, она што е добро е што сфатија граѓаните кој е кој, и знаат што ќе прават на изборите, ќе ја казнат оваа власт, СДСМ“, рече Арсовски.

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...