Девет тимови составени од млади луѓе од 15 до 29 години, ги презентираа своите идејни решенија и уште еднаш потврдија дека младите знаат, младите можат и заслужуваат и шанса и простор да ја покажат својата креативност!
– Вечерва Музејот на современа уметност беше место на младиот дух, на креативност и силна желба заеднички да правиме повеќе за младите!
Задоволство е да се видат креативни млади луѓе на едно место, во различни тимови, но со една единствена цел – да придонесат за унапредување и развој на општеството!
На сите 9 тимови им честитам на импресивните идеи и презентации и за мене сите тимови се победници, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.
За најдобрите три идеи и презентации ќе одлучува комисија во просториите на Агенција за млади и спорт по што и ќе бидат и јавно објавени!
Извор: Агенција за млади и спорт