spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Бројот на вакцинирани вработени во скопските градинки порасна на 65 %

МТСП: Бројот на вакцинирани вработени во скопските градинки порасна на 65 %

Бројот на вакцинирани вработени во скопските детски градинки е поголем и тој сега изнесува 65 проценти. Оваа информација ја добивме од Министерството за здравство, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, по состанокот со директорите на градинките на територија на Град Скопје.

Оваа средба со директорите на градинките се организира во пресрет на септември кога се очекува зголемен обем на присуство на децата во градинките.

-Упатувам апел до вработените во градинките кои што досега не успеале од различни причини да се имунизираат, да пристапат кон процесот на вакцинација. Нивната одговорност е особено значајна, бидејќи тие пред сè со личната заштита се грижат за сопственото здравје, а со тоа придонесуваат за зачувување на јавното, општото здравје. Со доследното почитување на препораките на здравствените власти во градинките придонсесуваме и за здравјето на децата. ​

Министерката Шахпаска на средбата со директорите посочи дека вработените во градинките треба доследно да го спроведуваат Протоколот за работа во услови на Ковид–19, бидејќи само така може да го заштитиме здравјето на нашите најмили и здравјето на вработените во градинките.

 

Исто како и во претходниот период кога вработените покажаа високо ниво на свест и со својата одговорна работа не дозволија интерна трансмисија на вирусот, од МТСП очекуваат и овој пат вработените во детските градинки да одговорат на своите работни задачи.

Министерката посочи дека наскоро ќе одржи состанок преку апликацијата Зум и со другите директори од детските градинки низ  државата.

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...