На денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес ги пренесе информациите во врска со градежните работи на Градскиот пазар во Велес. Договорот за горниот дел за Градскиот пазар е во вредност од 34.696 686 денари.
Изведувач на работите е Друштво за градежништво трговија и услуги БАУЕР БГ ДОО СКОПЈЕ. Утре, 14 август 2021 година започнува монтажата на челичните столбови, рече Коцевски.
„Најдоцна до 15 септември, горниот дел од пазарот треба да биде готов. Веднаш потоа изведувачот на градежните работи на долниот дел од пазарот ќе биде воведен во работа. Постапката за избор на изведувач на долниот дел е веќе завршена, според пропозициите на Светска банка. Договорот со изведувачот на долниот дел од пазарот, БВ Инженеринг од Битола е веќе потпишан”, истакна Коцевски.
Градоначалникот Коцевски ги наведе и причините за доцнењето на изградбата на горниот дел од пазарот: преместување на столбови од ЕВН, настанато оштетување на колекторот за фекална канализација кој поминува под пазарот од страна на изведувачот, поради пропустите на кој начин треба да се поврзе челичната конструкција во основниот проект, поради високите температури, а по дадени препораки од страна на Влада за забрана за работа на отворено за време на портокалова фаза и заради субјективни причини од страна на изведувачот, за што ќе се применат сите мерки што стојат на располагање на општината според договорот за да се наплатат казнени пенали заради задоцнувањето.
Меѓудругото, градоначалникот Коцевски истакна дека се завршени сите постапки за добиениот грант од Светска банка во износ од 12, 4 милиони денари, врз основа на одобрената урбанистичка ревизија за Општина Велес. „Во најтесна конкурензија влегуваат селата кои се најмалку развиени. Приоритет се дава на изградба на водоснабдителни системи, потоа на пристапни патишта во с. Сопот, с Горно Караслари и с. Новачани.
Проектот за приклучување на селото Сопот на градската водоводна мрежа според проектантските цени е 10,5 милиони денари, а за изградба на водоснабдителен систем за с. Горно Караслари, околу 4 милиони денари, додаде Коцевски.
Извор: Општина Велес