spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Населените местa Камењане и Боговиње ќе добијат канализациона мрежа

МЖСПП: Населените местa Камењане и Боговиње ќе добијат канализациона мрежа

Завчера претставници на Министерството за животна средина и просторно плaнирање, на општина Боговиње и претставници на избраните изведувачи и надзор, во Камењане, одржа состанок за вовед во работите од проектот за Изградба на канализациона мрежа во населени места Камењане и Боговиње во општина Боговиње.

Проектот со кој ќе се обезбеди систем за одведување на комунални отпадни води за двете населени места е проектиран како трогодишна активноста.

Во населеното место Камењане канализационата мрежа ќе опфати 101 крак со вкупна должина од околу 23 км. Вредноста на овој дел од проектот околу 123 милиони денари.

Канализационата мрежа во населено место Боговиње ќе опфати 85 крака со вкупна должина од 28 км, а вредноста на овој дел од проектот е околу 143 милиони денари.

На средбата е договорено во рок од 15 дена се подготви Динамички план според кој ќе се реализираат изведбените работи.

Проектот е финансиран од Буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МЕТ: Министерот Дурмиши дел од „Зајакнување на идните генерации: Улогата...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на еднодневната конференција, насловена „Зајакнување на идните генерации: Улогата на економското образование во одржливиот развој“, што...