spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаПод стреа на предизборна манипулација Шилегов се обидува да го покрие катастрофалниот...

Под стреа на предизборна манипулација Шилегов се обидува да го покрие катастрофалниот ефект по градот од неговиот мандат

Град Скопје на својата ФБ страница во саботата објави дека во соработка со УНДП почнува  реализација на проект за  поставување заштитни стреи на 9 утврдени пешачки урбани топлотни острови низ Скопје, за да се обезбедат заштитни сенки од топлина за пешаците и велосипедистите. Се наведува дека за изработката на проектната документација во Буџетот на Град Скопје за оваа година се предвидени 10.000 евра, додека за реализацијата на овој проект се предвидени дополнителни 30.000 евра.

Од инфрмациите достапни на страницата на Град Скопје може да се види дека студијата со која се утврдени таканаречените топлински острови во градот, како и акцискиот план за намалување на ефектите од прекумерното затоплување е изготвена уште во 2018 година и во неа никаде не е предвидена изградба на заштитни стреи, туку се предвидени други мерки кои пред се’ се однесуваат на зголемување на зелените површини, зелени покриви, зелени паркинзи и слично.

Притоа, прашањето кое првично се поставува тука е зошто во изминативе три години не е пристапено кон реализација на овие мерки туку тоа се прави на крај од ова лето, односно во очи на претстојните локални избори? Како единствен логичен одговор  се наметнува тоа дека станува збор за уште една маркетиншка предизборна манипулација на администрацијата на Шилегов, но и дополнително се создава сомнеж за тоа дали и како ќе бидат употребени средствата од овој „проект“. Воедно, ваквата предизборна манипулација само ја оправдува онаа шеговита сентенца која кружи помеѓу скопјани и која вели дека не постои проблем во градот кој градоначалникот Шилегов не може да го реши со соопштение, видео презентација или три де (3Д) симулација.

Левица ги потсетува скопјани на фактот дека во изминатиот мандат градските власти не реализираа ниту еден посериозен проект кој би бил во насока на подобрување на квалитетот на живеење во главниот град и дека спротивно од препораките и целите на споменатата студија, сите бевме сведоци на уништување на дрвореди и други површини под зеленило и дополнителна бетонизација на градот.

Понатаму, не е јасно по кои критериуми се утврдени само овие 9 топлотни точки. Затоа што евидентно е дека одредени делови на градот се комплетно заборавени во овој „уште еден успешен прокет“ на Шилегов и СДСМ. Особено се заборавени делови од општина Чаир каде Скопје како локална единица со надлежности на таа територија не може ни да припари како да со години тоа не е дел од Скопје. Потоа изненадува и зошто нема ваква утврдена точка и во населба Аеродром, како една од најпрометните населби на Скопје во која исто така постојат топлотни зони каде пешаците и велосипедистите се изложени на висока температура. Притоа вреди да се забележи дека не е предвидена монтажа на ваква стреа на улицата Орце Николов, со оглед на тоа што токму годинава таму беше Исечен еден од најубавите дрвореди во Скопје.

На крај, би сакале да им посочиме на скопјани дека Левица, со свое значително присуство во Советот на град Скопје, ќе стави крај на ваквиот неодговорен однос кон граѓаните и ќе се залага за навремена, одговорна и потполна реализација на сите предвидени проекти во наредниот мандат.

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

МЕТ: Министерот Дурмиши дел од „Зајакнување на идните генерации: Улогата...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на еднодневната конференција, насловена „Зајакнување на идните генерации: Улогата на економското образование во одржливиот развој“, што...