Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски заедно со раководителот на подрачната единица на МЗШВ во Штип, Павел Иванов, денеска ги доделија првите картички за точење „еуродизел гориво за земјоделска механизација“. Бачовски апелираше до сите земјоделци кога ќе одат да ги подигнат картичките за зелена нафта да ги почитуваат мерките за заштита од „Ковид 19“. Тој додаде дека во подрачната единица во Штип доставени се вкупно 1.148 картички со вкупна вредност од 7,7 милиони денари.
„Од овој момент, освен земјоделците од Подрачната единица Штип, своите персонализирани платежни картички ќе може да ги подигнат и сите земјоделски стопанства кои спаѓаат во подрачните единици на МЗШВ во Велес и во Свети Николе.
Веќе утре картички за зелена нафта ќе може да подигнат и земјоделците од Тетово и Боговиње а наредните денови картичките ќе бидат достапни и во Кривогаштани, Прилеп, Крушево. Од 26 – ти сите земјоделци од Демир Хисар и Битола ќе може да ги подигнат картичките со кои ќе може да точат субвенционирано „еуро дизел гориво“. – истакна Бачовски.
Распределбата почнува од полјоделците кој штотуку ја завршија жетвата и од овогодинешната реколта и кога секој денар им е добредојден за да се подготват за есенска сеидба.
Корисниците на оваа мерката „зелена нафта“ пред да почнат со искористување на средствата откако ќе ја активираат картичката на најблиската бензинска потребно е да направат и споредба на сумата која им е на картичката со сумата која ја имаат во решението.
Како и минатите години и оваа важат истиот начин и принцип на користење на картичките. Крајниот рок за искористување на средствата кои се на располагање на „зелената картичка“ е до крај на април 2022 година. Согласно изработената методологија, висината на поддршката по корисник е утврдена во зависност од големината на површините и типот на земјоделски култури кои што се одгледуваат. Вкупно за оваа мерка обезбедени се 200 милиони денари.
Зборот е збор, трета година по ред доделуваме дополнителна помош за земјоделците во вид на картички за зелена нафта. Почнавме со 30% поддршка а оваа и претходната година финансиравме 50 отсто од трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација. На овој начин директно влијаевме врз намалување на производните трошоци кај лозарите, овоштарите, градинари и поледелците. Земјоделците се наш партнер какои досега и во иднина ќе продолжиме да креираме мерки и Програми кои ќе помагаат во раст и развој на агро – секторот.
Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој