spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕНаместо истрага за потерата на Водно, МВР спроведува хајка по свиркачите што...

Наместо истрага за потерата на Водно, МВР спроведува хајка по свиркачите што доставија информации

Оставка! Оставка, Оливер Спасовски! 7 дена нема ништо од истрага, кој тоа предизвика потера на Водно, тројца полицајци ви се повредени? 7 дена покажувате само неспособност! Ништо повеќе!

7 дена никаде го нема Митко Даневски, командирот на полициските Тигри! Најспоменуваниот овие 7 дена го нема да демантира, го нема да го заштити угледот на Тигрите! И затоа ОСТАВКА Митко Даневски!

Даневски го нема по сите прозивки во јавноста да демантира дали тој не бил еден од двајцата на Водно, дали тој не ја возел службената кола фатена од камери, дали тој не бил човекот кој што предизвикал сообраќајка, дали не бил тој што оставил раскрвавени тројца млади полицајци, бегајќи без да им пружи помош?

7 дена молк, 7 дена пекол! Ама 7 дена го нема ниту најспоменуваниот службен автомобил! Така јавуваат свиркачите. Ниту кај задолжениот, ниту во гаражите! Можен автомобил што бил во забранета зона во време на кризна состојба и забрана за движење на Водно?

И наместо истрага!

Почитувани, како во најстрашна диктатура, МВР на Спасовски наместо да се справува со криминал, наместо да бара кој е тој што предизвикал ужасна потера и несреќа во која се повредени тројца полицајци, МВР на Спасовски спроведува истрага кој е свиркачот што ги откри небулозите за потерата, за случајот познат како „љубовникот на Водно“, случај којшто не смееше никако да се обиде да биде затворен со НН, со непознат сторител.

Наместо да ја открие вистината, МВР спроведува хајка низ своите редови, хајка низ можни сведоци, хајка низ оние места каде што бил белиот автомобил објавен на прес конференција, хајка по можните агли на фотографиите, од каде е сниман идентичен како службениот автомобил на Митко Даневски, хајка во лов на приватни камери, и особено хајка во лов кој тоа контактирал со портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ!

Е ова почитувани е ДИКТАТУРА! Малтретираат чесни граѓани коишто ја љубат вистината, заради нивните местенки и лаги!

И колку поголем е притисок што го правите, толку е поголем бројот на свиркачи со сведоштва и документи за ова злодело-криење на вистината за можна кривична пријава за предизвикување на сообраќајна несреќа со последици и бегство и неукажување на прва помош!

Тројца повредени млади полицајци, полицајка на операција, се опоравува со вградени железни шипки во рамото! А за МВР е доволно „Непознат сторител“ за да затвори ваков срамен случај !

Не се способни да го заштитат Водно, не се способни да обезбедат кризна состојба, затоа што личните интереси и заштитата на луѓето на Заев и на Спасовски им е пред се!

Ова е диктатура! Тројца полицајци повредени, ништо не е преземено! Тоа е пораката до оние млади приправници од аздисаните Спасовски и Заев!

Важно е кој контактирал со опозицијата. А тоа открива само едно- дека криете и дека лажете!

И го потврдувате сомнежот кон Даневски. Тој веќе нема углед за таа функција и се понатаму ќе продолжи да оди на штета на МВР, на чесните припадници на Тигрите, чесните полицајци, на луѓето коишто ја почитуваат униформата и заклетвата дека ќе го почитуваат и штитат законот и Македонија!

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...