spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаГрад Скопје, Општина Сарај и Владата обединети во уништувањето на езерото Треска

Град Скопје, Општина Сарај и Владата обединети во уништувањето на езерото Треска

Работниците во 1978 година солидарно и преку самопридонес го изградија езерото Треска, објектите и камповите околу него. Последните десетина години ова место намерно се запоставува и уништува, за денес, четириесеттина години подоцна од неговата изградба, крупниот капитал во корелација со власта, ова заедничко „богатство“ целосно да го приватизира.

Со одлука од Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2013 година, центарот беше делегиран на управување на Општина Сарај, за тие преку спроведувањето на „слободна туристичка зона“ да почнат со дислокација (уривање) на објектите. Оваа одлука, денес, практично ја спроведуваат Шилегов и Владата на СДСМ, преку градоначалникот на Сарај, Беџети, кому му е делегирана оваа одговорност.

Петре Шилегов, тврдеше дека на самото езеро Треска не се работи ништо (туку само во неговата околина), Беџети пак, кој ги спроведува одлуките, тврди дека Општината само го направила планот, а понатаму постапката ја води Владата, а Владата очигледно го спроведува планот на претходната.

Доуништувањето на ова „национално богатство“ се заокружува со негово распродавање. Она што беше изградено од работниците, тие одлучија да го продадат на крупниот капитал и тоа за цена од 71 денар по метар квадратен (!) отуѓувајќи вкупно 85.310 квадрати.

Како стојат работите, езерото Треска, ревитализираните игралиштата, патеки, урбаната и останатата опрема, ветени од Шилегов, после спроведувањето на приватизацијата ќе им биде достапно само на богатите и транзиционата елита, додека обичните граѓани кои солидарно го градеа, ќе изгубат драгоцен спомен од една поинаква слика на Скопје.

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Бутел: Започна асфалтирањето на една од најголемите улици во Визбегово, улица...

0
Ветувањето пред граѓаните на Визбегово се реализирам со забрзана динамика.Денес започна асфалтирањето на една од најголемите улици во Визбегово, улица 1.Улица 1 заедно со...