spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаГрадоначалникот Наумовски потрошил енормни суми за репрезентации во неговиот мандат

Градоначалникот Наумовски потрошил енормни суми за репрезентации во неговиот мандат

Врз основа на информациите од општина Ѓорче Петров добиени согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, евидентни се неразумно високи трошоци за репрезентација и патување во последните четири години, особено ако се земе предвид фактот што во општина Ѓорче Петров не е донесен ниту еден инвеститор, инвестиција и слично.

Според официјалното објаснување, репрезентацијата е трошок предвиден во буџетот да се користи за претставување на институциите за време на настани или состаноци со странки. Во општина Ѓорче Петров се чини дека не штеделе јавни средства кога требало да платат сметки за ручеци и други пригоди.

Особено енормни се трошоците во првите две години од управувањето на се’ уште актуелниот градоначалник на општина Ѓорче Петров. Само за репрезентација во 2018 година се потрошени 1.592.620.00 денари, а во истата година за патување потрошени се 671.715.00 денари. Уште поголеми се трошоците во 2019 година кога за репрезентација се потрошени 1.697.269.00, а за патување 891.347.00 денари. Во наредните две години, односно 2020 и речиси половина од 2021 година, во услови на пандемија, трошоците се намалени, но сепак изнесуваат вкупно 325.000 за 2020 година.

Во ситуација кога во општина Ѓорче Петров, се’ уште постојат неасвалтирани улици, делови од општината се’ уште не се поврзани со централна канализација, а што е најстрашно – делови на општината немаат водоснабдување, ваквите високи трошоци за ручеци, пијалаци, состаноци и сл. укажуваат на тоа дека ова е уште еден од многуте примери за ирационални трошоци од страна на актуелниот Совет на општината и градоначалникот Александар Наумовски.

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Мицкоски: Кртови кои даваат информации ќе се појавуваат уште некое време,...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на последните акции на полицијата за сузбивање на...