spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Економијата на РС Македонија се опоравува од последиците од пандемијата

МФ: Економијата на РС Македонија се опоравува од последиците од пандемијата

 

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ- со стабилен изглед. Стабилниот изглед, како што е нотирано во извештајот за РС Македонија а го објавува Агенцијата, ги рефлектира очекувањата дека проектираното економско заздравување на нашата држава ќе помогне во лимитирање на фискалниот и надворешниот дефицит следната година.

Агенцијата нотира дека рејтингот може да се зголеми доколку континуираните структурни реформи ги зајакнат институционалните капацитети истовремено зачувувајќи ги одржливите фискални политики.

Аспирациите за пристапување на нашата држава кон ЕУ може да бидат сидро за таквите институционални подобрувања и напредок на структурните реформи, се истакнува во извештајот.

– Економијата на РС Македонија се опоравува од последиците од пандемијата. И покрај контракцијата во првото тримесечје, очекуваме дека економијата ќе оствари раст од 3,7 проценти. Растот е придвижен од закрепнувањето на странската побарувачка, којашто ги рефлектира спецификите на интеграцијата на РС Македонија во меѓународните синџири на добавувачи, како и на приватната потрошувачка, како резултат на придобивките од заздравувањето на приватните трансфери и од владините мерки за поддршка на стопанството коишто го ублажија расположливиот доход – се вели во извештајот.

Потенцијалното влошување на состојбата со пандемијата и придружните ограничувања остануваат ризик за економското закрепнување, но како што забележува Агенцијата, „извозот на земјата се покажа отпорен на наметнатите ограничувања“.

Во однос на државниот долг, „Стандард и Пурс“ очекува истиот да достигне 58 проценти од БДП до 2024 година.

Истовремено, Законот за буџети, којшто е во процедура на носење, може да помогне во зацврстување на прудентните фискални политики и зајакнување на фискалната рамка.

Надворешната отпорност на РС Македонија се огледува во способноста за привлекување странски инвестиции, особено во областа на извозниот сектор, што може да се види и во состојбата на дефицитот на тековната сметка. Овој позитивен тренд се очекува да продолжи и во периодот од 2021 до 2024 година, се вели во извештајот на „Стандард и Пурс“.

 

 

 

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...