spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Слобода на изразување, Шаќири: Наша цел е да ја подобриме правната...

МИОА: Слобода на изразување, Шаќири: Наша цел е да ја подобриме правната рамка во согласност со оние на ЕУ

Министерството за информатичко општество и администрација (МИOА) информира дека во тек се активности за подобрување на правната рамка во однос на конкуренцијата во медиумскиот сектор и дека во тек е усогласувањето со законите на Европската унија (ЕУ).

– Фокусот е на подобрување на правната рамка поврзана со конкуренцијата во медиумскиот сектор со цел да се развие и да биде економски одржлива, како и зајакнување на правната и социјалната заштита на новинарите, и нивните работнички права. Наша цел е да ја подобриме правната рамка во согласност со правото на ЕУ и меѓународните стандарди, со што ќе овозможиме поволна средина за слобода на медиумите и слобода на изразување – информира Јетон Шаќири – министер  за информатичко општество и администрација.

Нашите проекти, додава тој, особено ќе се фокусираат на фундаментална заштита на слободата на изразување, конкуренција и одржливост на медиумскиот пазар, работни односи и социјална заштита на новинари и медиумски работници, онлајн медиуми и нови платформи, финансиска и уредувачка независност на радиодифузерот, независноста и ефективноста на регулаторното тело за медиуми, социјална инклузија, државно финансирање и поддршка за медиумскиот сектор, комерцијално влијание врз уредувачката содржина, проблеми со авторските права, медиумски пристап за малцинствата и ранливите групи.

„Сите овие процеси ќе се спроведат во широка консултација со засегнатите страни, преку Националниот совет за реформи во медиумите што се воспоставува“, нагласува министерот Шаќири.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

МОН: Јаневска се сретна со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

0
За продлабочување на соработката во областа на образованието и науката помеѓу Македонија и Романија преку нови заеднички иницијативи за поврзување на образовни установи, размена...