spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Годинава трошоците за набавка на учебници се намалени за 10 милиони...

МОН: Годинава трошоците за набавка на учебници се намалени за 10 милиони денари, а нивната достава до училиштата ќе заврши пред почетокот на учебната година

Педагошката служба и преговарачкиот тим на Министерството за образование и наука оваа година успеаја по пат на преговарање за 10 милиони денари да ја намалат вкупната цена за набавка на учебниците кои согласно актуелното законско решение кое ја регулира оваа област се одобрени да се применуваат во училиштата во државата, а за кои МОН не ги поседува авторските права, туку тие се сопственост на издавачки куќи и автори. Тоа е од голема важност бидејќи секоја заштеда значи реалокација на средства за реализација на некоја друга инвестиција, на пример за подобрување на образовната инфраструктура.

Ова го истакна директорката на Педагошката служба во состав на МОН, Вангелија Велева при посетата на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш, каде како и во сите останати училишта во тек е процесот на достава на учебници и наставни материјали, за кој, како што рече ќе се заокружи навремено пред почетокот на учебната година.

„Процесот на дистрибуција оваа година е многу добро организиран и започнат порано од праксата воспоставена во изминатите години, така што учебниците ќе бидат дистрибуирани до сите училишта пред почетокот на школската година и учениците ќе можат веднаш да почнат ги користат. Нема да има доцнење и тоа да создава грижи кај учениците и кај нивните семејства дека одреден материјал ќе биде пропуштен или ќе се задоцни со неговото совладување, па учениците ќе бидат преоптоварени во одреден период“, истакна Велева, додавајќи дека оваа година МОН и Педагошката служба се постојано на терен, правејќи контроли дали испораката на учебниците се спроведува согласно потпишаните договори со издавачките куќи.

Велева информираше дека исклучок од набавката на учебници преку Педагошката служба оваа година се материјалите за учење за прво и четврто одделение. Тие се изработуваат по нови наставни програми и согласно новата Концепција за основно образование, а во чија изработка се вклучи Бирото за развој на образованието кое е задолжено за испорака на печатените учебници за прво одделение и за обезбедување дигитална верзија на оние наменети за 4то одделение.  

Директорката на ОУ „Крсте Петков Мисирков“, Лујза Спасова изрази задоволство што годинава најголемиот дел од учебниците се пристигнати на време и ќе им бидат доделени на учениците на самиот почеток на учебната година. Нагласи и дека пристигнат е учебник по иновации, кој се печати за прв пат и кој ќе им ја олесни работата и на учениците и на наставниците, преставувајќи еден патоказ во начинот на совладувањето на воспитно-образовните цели и задачи.

Спасова потенцираше дека училиштето е целосно подготвено да ги прими учениците на 1 септември и успешно да организира настава со физичко присуство согласно усвоените протоколи.

Линк до видео

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...