spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаТргнати бистите на народните херои Раде Кратовче и Љупчо Сантов

Тргнати бистите на народните херои Раде Кратовче и Љупчо Сантов

Откако на 6 август беа распишани локалните избори, Кочани е под окупација на градежни машини. Нема дел од градот во кој нешто не е распретано, расчепкано, начнато. Со оглед на брзаницата, станува збор за фушерски изведби од типот „Држи буре вода, додека мајсторите да си одат“.

Во жарот на офанзивата беа погубени повеќе стебла на здрави, убави дрвја. Но, покрај тие жртви, денес во жарот на битката за власт беа егзекутирани и спомениците на двајца наши сограѓани, народните херои Раде Кратовче и Љупчо Сантов кои своите млади животи ги вградиле во македонскиот сон. Паднале мртви кај Главовица, убиени од контрачетниците и „администраторите“.

Нивните бисти беа сместени во срцето на градот, на место каде што се вкрстуваат сите врвици на кочанчани. За незаборав.
Утрово тие бисти се отстранети, со објаснување дека се дислоцираат на задниот влез од домот на културата, наводно со добра намера.

Кому и поради што му пречат бистите на недолжните Раде Кратовче и Љупчо Сантов да бидат на централна локација во паркот, бисти на херои кои за своите премлади животи го имаат задолжено градот?

Додека ненаситните ги распродаваат спомените за ситно, на кочанскиот асфалт веќе растат и чекорат новите Раде и Љупчо!
Кочани нема да прости!

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Мицкоски: Кртови кои даваат информации ќе се појавуваат уште некое време,...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на последните акции на полицијата за сузбивање на...