Почитувани,
Георгиески и СДСМ ветуваа нови инвестиции и работни места кај Мауцкер, но за жал ништо не направија и ги згаснаа последните надежи дека таму некогаш ќе никне современа индустриска зона со стотици нови вработувања.
Георгиески и СДСМ не само што депонираа илјадници метри кубни шут и ѓубре, туку деновиве исплатија и нова фактура за овој циклус дадени услуги на нивниот вечен доверител Нефи Усеини.
Имено изминатата недела општина Охрид и Георгиески работеа само за еден човек, експресно за само неколку часа беше издадено одобрение за градба на бетонска и асфалтна база, се враќаа вработени од одмори, а некои работеа и од дома само да се задоволи барањето на Усеини додека граѓаните чекаат и по две години да добијат едно обично одобрение за градба.
За потсетување градежната парцела кај Мауцкер Усеини ја откупи за багателна сума од 71 денар по метар квадратен според која намената на градежното земјиште беше лесна и незагадувачка индустрија и не предвидуваше изградба на бетонска и асфалтна база.
Антикорупциска комисија да испита како е можно да се откупи парцела за една намена, а веднаш потоа да се измени и правилникот кој сега дозволува изградба на бетонска и асфалтна база?
На каков начин е спроведена постапка за отуѓување на градежното земјиште свесно оштетувајќи ги буџетот на општина Охрид и буџетот на Република Македонија?
Дали така свесно се тактизираше за да не пројават интереси други инвеститори за откуп што би значело и повисока продажна цена на земјиштето?
На охриѓани им е доста од СДСМ и Георгиески.
Време е за промени, за борба против корупцијата и криминалот и за силен развој на Охрид!
Извор: ВМРО ДПМНЕ