spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПриватната инвестиција, струја за 2.750 домаќинства е признание за енергетските политики на...

Приватната инвестиција, струја за 2.750 домаќинства е признание за енергетските политики на Владата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија заедно со заменикот на претседател во Владата за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и со градоначалникот на Општина Лозово и градоначалникот на Општина Свети Николе Сашо Велковски, денеска ја посети биогасната електрана во изградба во Сарамзалино.

Вкупната вредност на инвестицијата на „Био Ентерпрајс“ од Охрид во оваа биогасна електрана изнесува близу 6.000.000 евра и во првата фаза ќе обезбеди 15 работни места.

Годишното производство на електрична енергија од обновливи извори ќе ја задоволи потрошувачката на 2.750 домаќинства во државата.

Премиерот Заев во изјавата за медиумите по повод посетата на инвестицијата истакна дека биогасната електрана Сарамзалино постројката со инсталиран капацитет од 2.000 kW целосно се вклопува во заложбите не енергетските политики на Владата за комбинирано производство на електрична и топлинска енергија од обновливи извори.

„Уште два фактора се вклопуваат во нашите заложби: Приватната иницијатива да се прифати предизвикот и да се влезе во една ваква инвестиција, и дополнителната вредност на овој проект како ресурси за оваа електрана да се користат ресурси, односно биомаса од сопствено производство и преку развивање на соработка со локалните земјоделци, фармери и преработувачи на храна и земјоделски продукти“, нагласи претседателот на Владата Заев.

Изградбата на електраната е започната во јули 2020 година, и во оваа фаза се во тек градежните работи на опремата за обработка за биомасата и за биогас, по што ќе следува монтажата на генераторските единици, а пуштањето во употреба на електраната е предвидено за април наредната година.

„Оваа инвестиција станува дел од зголемувањето на домашното производство на електрична енергија од обновливи извори согласно енергетската стратегија на државата, и учествува во поттикнување и модернизација на земјоделското производство во регионот и унапредување на соработката со локалните фармери и стопанства“, потенцираше премиерот Заев.

 

Извор: Влада

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...