spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Иднината на земјата е дигитална и зелена

МИОА: Иднината на земјата е дигитална и зелена

Кризата со KOВИД -19 и планираните мерки за закрепнување ја истакнаа важната улога што можат да ја играат дигиталните технологии во зголемување на отпорноста на нашите економии и општества, рече министерот за информатичко општество и администрација, г -дин Јетон Шаќири во својот говор на „Скопскиот економски и финансиски форум“ на тема „Опоравување и економски раст по Ковид“, организиран од Министерството за финансии.

– “Дигиталните технологии, исто така, имаат потенцијал да помогнат во решавањето на многу од основните причини за тековните глобални меѓусебно поврзани кризи, вклучувајќи ги климатските промени, загадувањето и губењето на биодиверзитетот. Дигиталната економија е во подем. Факт е дека за време на пандемијата, единствениот деловен сектор што растеше во Северна Македонија беше ИТ секторот . Продолжи да расте и да вработува луѓе во овој период” – рече министерот Шаќири.

Ние, како министерство, нагласи Шаќири, во целосна соработка со Владата на Република Северна Македонија ги поставивме нашите цели во процесот на дигитализација на земјата.

– “Наша цел е да воведеме дополнителни мерки за да му помогнеме на ИТ секторот, за да може да продолжи да расте без пречки. Нашата цел е да имаме 25.000 вработени во овој сектор до крајот на 2030 година, наспроти 13.000 сегашни вработени. Ги охрабруваме студентите да студираат во ИТ секторот. Нашата цел е 4% од дипломираните студенти да бидат од овој сектор, двојно повеќе отколку во 2020 година. Планираме да инвестираме повеќе во инфраструктурата. До крајот на оваа година, 99% од домаќинствата ќе бидат опфатени со 4G сигнал, 83% од нив ќе бидат покриени со брз широкопојасен сигнал, во споредба со 78% од минатата година. До крајот на 2023 година, ќе имаме барем еден град целосно покриен со 5G сигнал. Интернет конекција од 1 гигабит во секунда за сите јавни институции до 2029 година” – нагласи министерот за информатичко општество и администрација, г -дин Јетон Шаќири.

Во врска со дигитализацијата и зелената економија, министерот Шаќири рече дека се спроведува проектот „Систем за управување со документи“ – со цел поврзување на што повеќе јавни институции во овој систем. Преку овој систем ќе се скрати времето за обработка на документи и ќе ја намалиме употребата на хартија.

– “Нашата цел е да имаме 95% од сите главни јавни онлајн услуги до 2030 година, наспроти 151 услуга до 2020 година. Нашите граѓани ќе имаат пристап до нивната електронска медицинска евиденција и 80% од нив ќе користат решение за дигитална идентификација до 2030 година. Владата и министерството се на пат да ја дигитализираат и развијат зелената економија. Продолжиме понатаму да го поддржуваме ИТ секторот во земјата” – подвлече министерот Шаќири.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте