Министерот за правда Бојан Маричиќ во рамките на својата работна посета на Стразбур оствари средба со првите луѓе на Венецијанската комисија. На состанокот со секретарката на комисија Симона Граната-Менгини беше повторено дека мислењата кои ги дава Венецијанската комисија се од исклучително големо значење за земјата со цел на подобрување на текстот на законите.
-Имавме многу важна средба со претставниците на Венецијанската комисија на која разговаравме за законите кои веќе се испратени до нив на мислење, но и за оние кои наскоро ќе ги пратиме, како што е Законот за потекло на имот, но и Кривичнот законик и Законот за кривична постапка. Нивното мислење многу ни значи со цел да направиме подобри и поквалитетни закони, изјави Маричиќ за МИА.