spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Рехабилитација на четири улици во урбаната заедница Дексион

Ѓорче Петров: Рехабилитација на четири улици во урбаната заедница Дексион

Согласно годишната програма за работа на Секторот за урбанизам, во моментов се изведуваат градежни работи за рехабилитација на повеќе улици во урбаниот дел на општина Ѓорче Петров.

Се рехабилитираат: улица ,,Андон Папрадишки“, два крака на улица ,,Алексадар Македонски“, улица ,,1223“ и ,,Беаз Куле“ со два крака во вкупна должина од еден километар.

Градоначалникот Александар Наумоски изврши увид во градежните работи при асфалтирање на улица Андон Папрадишки. Локалното население изрази задоволство што после три децении конечно се асфалтираат улици во овој дел на општината, со што се подобруваат условите за сообраќај и развој на населбата.

 

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

МСПДМ: Сабриу – Успешноста на процесите на ресоцијализација и реинтеграција се...

0
Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу учествуваше на стручна расправа за процесите на ресоцијализација и (ре)интеграција на...