Денес се реализираше отворениот ден кој КСС го има за сите оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за синдикатот и придобивките од членувањето во синдикат.
Сметаме дека ова е добар начин за да се направат работите подостапни до сите и дека треба уште да се работи за споделување на се она што го работи синдикатот и подигнување на свеста за тоа дека синдикатот треба да биде движечка сила која ги унапредува работничките права и дека секој работник не треба сам да ја води својата борба, туку дека силата е во заедништвото.
Се остварија разговори со раководството и со членови на КСС, а секако имаше присутни лица и од соработниците на КСС чија цел е подобрување на условите за работа.
Освен темите кои ги опфаќа синдикализмот, беше промовиран и прирачникот за работнички права на КСС.
Во прилог ГАЛЕРИЈА од настанот.
Настанот беше реализиран во рамките на проектот Привлекување на нови членови и нетипични вработувања, овозможен од проектот Зајакнување на социјалниот дијалог кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, а го финансира Европската Унија.