Кандидатите на Христијан Мицкоски за градоначалници не можат да понудат ништо освен деструкција и враќање на режимот.
Впрочем најголем дел од нив се луѓе на Никола Груевски, луѓе кои се обвинети за кривични дела кои Мицкоски лажно ги претставува како чесни и нови лица.
Меѓу нив е и актуелниот градоначалник и кандидат на Мицкоски за општина Петровец, против кого денеска е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и за перење пари.
Но ова не е единствен пример за криминално однесување на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за градоначалници.
Во медиумите се појавија написи за сомнителното минато на кандидатот за градоначалник во Гази Баба, Бобан Стефковски. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не одговорија дали е точно дека Стефковски, во 2002 и 2003 во два наврати бил притворан поради неовластено производство на опојни дроги
Истовремено, во јавноста постојат документи дека кандидатката на општина Крушево, Билјана Проеска, е осудувана во 2015 година на условна казна затвор поради фалсификување исправа.
Пресуда со условна казна има и кандидатот за градоначалник на Бутел, Дарко Костовски за учество во тепачка.
Ете ја понудата на Мицкоски за овие избори, понуда со која тој ги потценува граѓаните од кои треба да ја бара довербата.
Со ваква понуда, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува нов убедлив пораз на локалните избори, затоа што граѓаните не сакаат и нема да дозволат нечесни и неодговорни кадри да ги водат општините.
Извор: СДСМ