spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: „Проценка на ризици и спречување на трговија со луѓе во синџирите...

МВР: „Проценка на ризици и спречување на трговија со луѓе во синџирите на снабдување“

Националната координаторка и државна секретарка во Министерството за внатрешни работи Магдалена Несторовска заедно со  Јована Тренчевска, директорка на Државниот инспекторат за труд учествуваа на конференција на тема „Проценка на ризици и спречување на трговија со луѓе во синџирите на снабдување“ која се одржува на 23-24 септември 2021 во Белград.

Во насока на превенирање и спречување на трговијата со луѓе во синџирите на снабдување, беа разгледани прашања и проблеми со кои се соочуваат земјите, споделени беа искуства, модели, упатства, закони и иницијативи од регионот. Отворени беа прашањата поврзани со политики на општествено одговорни јавни набавки во насока на почитувањето на човековите права од страна на приватни и јавни бизниси. Споделени беа искуства од Законите во Франција, презентирана анализа и искуство во неговата имплементација како и презентирани беа постоечките политики и предизвици во примената на податоците за набавки и ризици од трговија со луѓе.

Настанот се одржа во организација на Мисијата на ОБСЕ во Србија, заедно со Канцеларијата на специјалниот претставник и координатор на ОБСЕ за борба против трговија со луѓе и во соработка со Канцеларијата за координација на активностите против трговија со луѓе при Министерството за внатрешни работи од Србија. Учество земаа високи претставници од Националните комисии на државите во регионот од Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија и Црна Гора.

 

 

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте

Мицкоски: Кртови кои даваат информации ќе се појавуваат уште некое време,...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на последните акции на полицијата за сузбивање на...