spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Прв во регионот со Стратешчи план за намалување на Ризици

Град Скопје: Прв во регионот со Стратешчи план за намалување на Ризици

Градоначалникот Шилегов  во салата на Советот на  Град Скопје го презентираше и учествуваше во јавната дискусија за Стратешкиот план за намалување на ризици од катастрофи на Град Скопје, сеопфатен и инклузивен план за зајакнување на отпорноста кон кризи и несреќи, но и брзо закрепнување на заедницата по евентуална природна катастрофа.

– Искрено се радувам кога ваквите стратешки документи од значење за градот поминуваат низ една транспарентна процедура, преку јавни дискусии кои во минатото или ги немаше или не им се обрнуваше доволно внимание. Стратешкиот план за намалување на ризици од катастрофи на Град Скопје е сеопфатен и инклузивен план за зајакнување на отпорноста кон кризи и катастрофи преку исполнување на неговата главна цел: До 2025 година, Град Скопје да биде отпорен на хроничните стресови и акутните шокови со соодветни, локално управувани и одржливи капацитети за превенција и ублажување на ризиците, подготвеност и одговор на катастрофите и надминување на кризата – кажа Шилегов.

 

Планот обезбедува стратешка рамка за развојот на пристапот кон намалувањето на ризиците од катастрофи на локално ниво, како и за преземање низа мерки и активности кои се реални, практични и применливи.

-Овие мерки и активности ќе обезбедат понатамошно зајакнување на отпорноста на единиците на локалната самоуправа и граѓаните со цел за градење на долгорочна отпорност кон постоечките и новите ризици и опасности на нивната територија. Овој стратешки план е резултат на спроведената анализа и проценка на расположливите податоци и информации, профилираните опасности и ризици, организирањето на функционирањето на субјектите на локално и регионално ниво, истражувањето на консултантот, спроведување на виртуелните консултации со заинтересираните страни, како и вградување на нивните перцепции за постојната состојба, приоритетните области, потребите и очекувањата. Последователно, структурата на стратешкиот план се заснова на три стратешки приоритети и осум цели кои ги опфаќаат различните аспекти на намалувањето на ризици од катастрофи кои се присутни на подрачјето на општината. Секоја цел има одреден број мерки и активности кои се предвидени за реализација до 2025 година –  рече Шилегов.

Стратешките приоритети се идентификувани области чии зададени цели ќе се постигнат преку реализирање на предвидените мерки и активности и ќе придонесат за зајакнување на отпорноста на Град Скопје.

– Стратешките приоритети се реални, остварливи и придонесуваат за остварување на главната визија на овој план: Град Скопје е паметен и зелен град, со развиена инфраструктура и одржлива мобилност, приспособен  на климатските промени и кој обезбедува одржлив развој и благосостојба на своите граѓани успешно управувајќи со предизвиците на отпорноста кон катастрофи. Приоритетите се засноваат на мерки и активности кои се реални и прагматични и можат да се реализираат врз основа на расположливите средства и ресурси, во партнерство со други општини, субјекти, државните институции, прекуграничната и меѓународната соработка – кажа Шилегов на презентацијата на Стратешкиот план за намалување на ризици од катастрофи на Град Скопје.

 

Тој дополни дека со оглед на фактот дека станува збор за прв план од овој тип, за пристапот на намалување на ризици од катастрофи, голем исчекор напред ќе претставува и реализацијата на барем 2/3 од предвидените мерки и се надева дека во наредниот 4 годишен период ќе го реализира планираното.

– Покрај тоа, во рамките на мерките и индивидуалните активности, се утврдуваат и носителите и генералните партнерски институции. Дефинирањето на потребните финансиски средства ќе се определува на годишно ниво, преку буџетот на Град Скопје (ГС), буџет на општини на подрачјето на градот (ЕЛС); буџетите на РСМ и другите субјекти, како и донаторското учество – рече Шилегов.

Шилегов нагласи  и дека секое конструктивно размислување во однос на овој стратешки документ е од огромно значење бидејќи транспарентноста во усвојувањето на документите од ваков карактер несомнено води кон подигнување не само на квалитетот на истите, туку индиректно обезбедува и подигнување на квалитетот на живот на скопјани,  нешто што за него како градоначалник  и како човек е од фундаментално значење.

Прочитајте