20 евро амбасадори, ги посетија пожарникарите на Територијалната противпожарна единица во Берово и остварија неформална средба, извршувајќи увид на опремата за справување со пожари во Берово.
Сите беа воодушевени од тоа, како територијалната противпожарна единица се справила со шумските пожари, во изминатиот период и изразија поддршка за помош во иднина и доопремување на единицата.
Како што истакна Командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски, изминатиот период после долги години, набавена е нова оппрема за справување со шумски пожари, во Берово и Пехчево, за локализирање, набавена е опрема и за пожарникарите, но за успешно справување со пожари од поголеми размери, потребно е постојано да се вложува. Очекуваме дека нашите пожарникари наскоро ќе одат на обуки во некои од европските земји, со цел да бидеме подготвени, екипирани и да се спречат поголеми катастрофи.
Евро амбасадорите најавија нови донаторски средства за поддршка и доопремување на единицата и упатија на формирање на волонтерска единица за противпожарна заштита, како што е пракса во некои европски земји.
Извор: Општина Берово