По повод 8 – годишното постоење на КУД „Српски вез“ – Куманово, пред НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев” се одржа традиционалниот годишен концерт.
Овој настан е поддржан од страна на Министерствата за култура на РСМ и Р Србија, Управата за соработка со дијаспората и Србите во регионот и Општина Куманово.
На настанот настапија членовите надетскиот и младински фолклорен ансамбл, првиот изведувачки ансамбл, етно групата со истакнати солисти, во придружба на оркестрот, како и членовите на детскиот културен центар „Карпош“–Скопје.
На концертот присуствуваше секретарот на Општина Куманово Александар Гелевски.
Извор: Општина Куманово