Во рамките на кинолошкиот викенд (18.09.-сабота и 19.09.-недела), на спортските терени на градскиот кеј, се одржаа 5-та и 6-та државна изложба во убавина на расни кучиња од сите раси и две специјализирани клупски изложби за третта и деветта група на кучиња.
Организатор на државните изложби е кинолошко друштво“Кинолог”-Куманово, на специјализираните изложби се Бултериер клуб-Куманово и Македонски клуб на пудли-Куманово.
Општина Куманово, како и минатата така и оваа година, дава поддршка на настанот. На натпреварот на расни и кучиња со педигре во убавинаучесниците беа од: Македонија, Косово, Србија, Бугарија, Полска, Франција, Ирска и Велика Британија, кои ги оценуваа пет интернационални судии од Р Србија и пет судии од Македонија.
Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски присуствуваше на настанот. Со помош и поддршка на Општина Куманово, во процес на реализација е изградба на игралиште за кучиња во Куманово.
Извор: Општина Куманово