Општината продолжува со изградба на патната инфраструктура и подобрување на условите за живот на своите жители.
Рехабилитирана е улица ,,1223“ во урбаната заедница Дексион. Претходно, изведени се подземни работи за поставување на атмосфесрка канализација за одведување на водите. Со ова решен е проблемот од поплавување на куќите при поголеми врнежи од дожд.
По завршување на атмосферската канализација, поставен е асфалт во должина од 100 метри.
Извор: Општина Ѓорче Петров