Тим од сите сектори на Општина Бутел, координаторката за Еднакви можности Сенија Нухиу, заменик координаторката за Еднакви можности Ивана Пенева и координаторката од UN WOMEN Наташа Амдију, учествуваа во дискусија за создавање на Акцискиот план за 2022 година на Општина Бутел за еднакви можности.
Во дискусијата сите споделуваа секојдневни проблеми кои влијаат врз еднаквоста на жените и мажите во повеќето животни сегменти.
Споделувајќи ги примерите на жителите од Општината, Акцискиот план ќе биде базиран на реални податоци од проблемите со кои се соочуваат лугето, жители на Бутел.
Извор: Општина Бутел