КСС беше домаќин на завршната меѓународна обука која се одржа во рамки на проектот: Иницирање активности за спроведување на автономна рамковна спогодба на европските социјални партнери, кои што се однесуваат на активно стареење и меѓугенерациски пристап, која се одржа од 28.09.2021 до 30.09.2021г. во Скопје. Меѓународната обука беше во организација на НСЗЗ Солидарност од Полска, а учесниците кои земаа учество на овој семинар беа синдикални претставници или членови од двата синдиката.
Експертите од Полска истакнаа дека е потребно разбирање на потребите, мотивациите и проблемите на работниците од различни возрасни групи, беше презентирана анализа на проблемите од областа на управување со возраста на работното место, а се разгледуваа и различни стратегии за управување со возраста на работните места и кои се придобивките од примена на истите. Осoбена важност во рамки на оваа меѓународна обука се даде на безбедноста и здравјето при работа и за тоа како треба да се менаџираат различни услови за работа, како што се услови на работни места со различните физички оптеретувања, изложености на различни супстанци или пак различна микроклима, а се замаа во предвид и ризиците кои ги носи и канцелариската работа.
Од особено значење за претставниците на двата синдиката беше присуството и обраќањето на полскиот амбасадор г. Војциех Тицињски кој се обрати пред присутните на обуката, даде особен осврт на историските моменти од заедничката соработка на двете земји, даде осврт и на сегашната заедничка соработка, ја истакна и сорабоката на бизнис секторот помеѓу двете земји. Амбасадорот на Полска истакна дека целосно ги поддржуваат аспирациите на Македонија за влез во Европскта Унија.
Претставниците од двата синдиката истакнаа дека оваа соработка не завршува со завршувањето на проектот, напротив ова е само почеток на идна и плодна соработка.