Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, во рамки на престојот во Жанева, имаше работна средба со амбасадорот и постојаниот претставник во Мисијата на Република Северна Македонија при ООН во Женева, Теута Агаи-Демјаха.
На средбата, беа разменети искуства и сознанија во насока на подобрување на состојбата со животната средина и поставени нови насоки за интензивирање на соработката со Мисијата во областа животна средина.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање