Во предворјето на Општина Бутел Градоначалникот Велимир Смилевски свечено ја отвори ликовната изложба на делата создадени на десетата ликовна колонија ,,Љубанци 2020”
Посетителите имаа можност да ги погледнат 29-те дела од 16 автори:23 слики,5 скулптури во мермер и дрво една резба и седумте наградени детски цртежи.
Делата ќе можат да бидат видени наредните десет дена во просториите на Општина Бутел.
Градоначалникот Велимир Смилевски им додели благодарници на 16 ликовни уметници,и на сите 7 основни училишта за наставниците ментори и за сите ученици што учествуваа на ликовната колонија.
А на најдобрите уметници меѓу учениците им додели дипломи и пригодни награди-комплети за сликање.Со цел дополнително да го стимулира нивниот уметнички талент.
Извор: Општина Бутел