spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Справување со дијабетесот, тема на состанокот по проектот IPA SHIELD II

Гевгелија: Справување со дијабетесот, тема на состанокот по проектот IPA SHIELD II

Справувањето со дијабетесот, особено кај најмладите, како и подобрувањето на здравствените услуги, обезбедени од страна ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност- Гевгелија и ЈЗУ Здравен дом – Валандово на корисниците од Гевгелиско – Валандовскиот регион се клучните цели кои се поставени во проектот „Заеднички активности за заштита и унапредување на јавното здравје во прекуграничниот регион“ – IPA SHIELD II.

 

 

Денес, се одржа вториот технички состанок, на кој партнерите во проектот: Општа болница Кукуш (водечки партнер), ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Гевгелија (партнер 2), 4-ти Здравствен регион на Македонија и Тракија (партнер 3), Здравен дом-Валандово (партнер 4) и Национален центар за брза помош (парнер 5) ги претставија постигнатите резултати и следните активности. Главен фокус на состанокот беше подготовката на активности за одбележувањето на Светскиот ден за борбата против дијабетес. Поради пандемијата, состанокот се одржа онлајн, а учествуваа претставници од сите партнери и претставници од ФЛОРИТ- Гевгелија, кои го управуваат Проектот од македонска страна.
 

 

 

Проектот „Заеднички активности за заштита и унапредување на јавното здравје во прекуграничниот регион“ – IPA SHIELD II се финансира од Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка CCI 2014 TC 16 I5CB 009.

 

 

 

 

 

Извор:  Општина Гевгелија

Прочитајте