spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Работилница за креирањето на Стратегијата за млади

Охрид: Работилница за креирањето на Стратегијата за млади

Во големата сала на Општина Охрид  беше одржана работилница во пресрет на креирањето на Стратегијата за млади на Општина Охрид.

Според предвиденото, Локалната стратегија за млади се креира со активно учество на младите луѓе, релевантните институции, организации и бизнис секторот кои денеска беа присутни на настанот и ги изнесоа своите ставови, предлози и сугестии во врска со стратегијата.

Содржината на Локалната стратегија за млади ќе ги опфаќа стратешките приоритети, клучните предизвици со кои се соочуваат младите во општина Охрид и долгорочните цели презентирани низ тематските области. Документот ќе се однесува на период од следните пет години.

Сите оние кои сакаат дополнително да достават предлози и сугестии за текот на процесот истото може да го сторат на официјалната е-пошта  strategijazamladi@yahoo.com најдоцна до 10.10.2021.

Младите лица од 15 до 29 години имаат можност да одговорат и на прашалникот кој е достапен на следниот линк (https://docs.google.com/forms/d/1w02duu6f_6Owbva7FcpCuVK3I8T7W1-ssPMGxZwmPwc/viewform?edit_requested=true)  најдоцна до 10.10.2021.

Процесот ќе продолжи понатака се до финалната изработка на Стратегијата за млади која на крај ќе биде изгласана од Советот на Општина Охрид.

 

 

 

 

Извор: Општина Охрид 

Прочитајте

МЗ: Нова Медицинска опрема во КБ Битола

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари ја посети Клиничката болница во Битола по повод обезбедена нова медицинска опрема за унапредување на третманот на пациентите. Продолжуваме...