spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Нова Медицинска опрема во КБ Битола

МЗ: Нова Медицинска опрема во КБ Битола

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари ја посети Клиничката болница во Битола по повод обезбедена нова медицинска опрема за унапредување на третманот на пациентите.

Продолжуваме со процесот на модернизација на јавните здравствени установи. Токму во Клиничката болница во Битола каде денеска сме во посета, годинава е инсталирана нова медицинска опрема, и тоа електрохирушки генератор со аргон плазма коагулација во вредност околу 7.7 милиони денари и артроскоп вреден околу 10 милиони денари, истакна министерот за здравство, д-р Арбен Таравари во рамки на посетата.

Апаратите се ставени во функција и досега се извршени 100 цистоскопии, 11 ендоскопски интервенции и 5 артроскопии.

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...